Клиниката за ендокринологија и
метаболички нарушувања
е дел од Медицинскиот Факултет и
Клиничкиот Центар. Таа обавува здравствена, наставна и
научна дејност.
Здравствената дејност се однесува на секундарна и
терциерна здравствена заштита во превенција,
дијагноза и лекување на специфични ендокрини
заболувања (дијабетес и неговите компликации,
тироидни нарушувања, паратироидни нарушувања, пореметувања
на надбубрежната
жлезда, хипоталамусот, хипофизата, овариумите,
тестисите и инфертилноста).
Наставната дејност се обававува во склоп на
наставата на Медицинскиот факултет и опфаќа настава
на студенти по медицина и стоматологија на
предметите интерна пропедевтика, интерна медицина,
како и обавување на на специјалистичкиот турнус по
ендокринологија како дел од специјализатијата по
интерна медицина и општа медицина.
Наставниот кадар се состои од 5 професори, како и
повеќе научни
соработници и асистенти.
Тимот на клиниката
располага со 14 специјалисти по интерна медицина, 1
специјалист по офталмологија, еден помлад доктор на
специјализација, еден биолог, и повеќе виши и средни
медицински сестри.
Оддели на Клиниката
Клиниката е составена од следниве оддели:
1, Одделение за хоспитални болни
Одделението за хоспитални болни е составено од 9 соби со 28 болнички кревети. Како посебен дел е единицата за интензивна метаболна и ендокрина нега, која е опремена со систем за мониторирање, апарат за итно определување на гликемија, систем за оксигенација и аспирација, дефибрилатор и аларм за ацидо-базен статус.
2, Центар за дијабетес
Од 1972 год. почна со работа Центарот за дијабетес,
кој овозможи подобра заштита на луѓето со дијабетес,
како и спречување односно одложување на неговите
комликации.
3-4,
Амбуланта за ендокринологија
и андрологија
Во состав на клиниката работи ендокринолошка и
андролошка амбуланта, кои овозможуваат квалитетна
здравствена заштита на пациентите со специфични
еднокрини заболувања.
5, Ендокринолошка и
андролошка
лабораторија
Ендокринолошката лабораторија е формирана во 1972
год. Лабораторијата овозможува прецизно одредување
на различни хормони и изведување на специфични
ендокрини тестови.
6, Одделение за равој
Одделенитето за равој е формирано во 1999 год.
Основната задача е унапредување на ендокринолошката
служба. Одделението го реализираше проектот за
компјутеризација на клиниката (1999 год.), при што
беше поставен Интранет и посебен апликативен софтвер
за управување на хоспитални болни, кој претставува
прв од ваков вид во Македонија. Од 2002 година,
формиран е посебен тим кој работи на терапија со
инсулински пумпи и континуирано мониторирање на
гликемија кај млади лица со дијабетес. На клиниката
има поставено 15 пациенти со дијабетес на инсулнска
пумпа, додека континуирано 3-дневно мониторирање е
направено кај повеќе од 350 пациенти.
7, Очен кабинет
За подобрување на квалитетот на медицинската грижа
на пациентите со дијабетес, Клиниката отвори Очен
Кабинет, со која раководи специјалист по
офталмологија. Кабинетот овозможува дијагноза,
следење и третман на дијабетичната ретинопатија,
како и другите очни компликации, а воедно извршува и
рутински очни прегледи.
8, Центар за едукација на луѓе со дијабетес
Центарот за едукација на луѓе со дијабетес е
формиран во 1995 год. Основната задача на центарот е
едукација на пациентите со дијабетес, во однос на
болеста, исхраната, физичката активност,
самоконтролата, а се со цел спречување односно
одложување на компликациите од дијабетесот, како и
подобрување на квалитетот на живот.
Во тек на 1999 год. амбулантски прегледани се вкупно
околу 18.000 пациенти, направени 165.000
лабораториски услуги, а хоспитализирани 641 пациент.
9, Центар за остеропороза
Центарот за остеопороза е формиран во 2004 година.
Располага со најнони методи за дијагноза и терапија
на остеропорозата. Од 2007 година, центарот започна
да работи нова техника на
т.н. DEXA метод, кој овозможува комплетно скенирање
на коските на целото тело.
10, Центар за тироидни нарушувања
Ендокринолошката служба, како дел од интерната
медицина почна да се развива со формирањето на
интерната клиника како дел Медицинскиот
факултет во Скoпје
во 1947 год. Развојот на интерната медицина,
неминовно доведе до формирање на посебно
одделение за ендокринологија во 1955. Со
преструктуирање на Интерната клиника,
одделението прерасна во Клиника за
ендокринологија и болести на метаболизмот во
1974 год.